Бизнис
21. July 2021 - 17:20

Граѓаните живеат на кредити, за една година пораст од околу 9%

 Живот на кредит. Граѓаните се повеќе се задолжувааат за да преживеат. До јуни вкупно за кредити должат 3 милијарди 153 милиони евра, што е годишен раст од над  скоро 9, објави  Народната банка. Ова теоретски значи дека секој жител на банките им должи 1,576 евра. Најчесто позајмувањето е за да се помине месецот, Речиси 1,7 милијарди евра се потрошувачки кредити, за кредитни картички граѓаните должат 170 милиони евра, додека за минусно салдо на тековните сметки 104 милиони евра. Граѓаните кредит земаат и за нов дом.

Станбените кредити бележат годишен раст од речиси 15% и до јуни изнесуваат нешто над милијарда евра. Според Народната банка, се помалку се зема кредит за купување нов автомобил. Годишно кај овие кредити регистриран е пад од над 17% или само 4 милиони евра се подигнале за купување возила.

Сепак, и во услови на криза, граѓаните штеделе. Народната банка објави годишен пораст од 4,2% кај депозитите на домаќинствата или заштедите надминале 4,7 милијарди евра. Вишокот пари  најчесто се орочува  до 2 години и тоа претежно во странска валута.