Фудбал
2. March 2018 - 10:20

„Граѓаните“ со нова лекција за Арсенал

Фудбалерите на Арсенал по поразот во Лига купот од Манчестер Сити од 3-0 доживеја уште едно исто понижување од лидерото во првенството овојпат на Емирати.
Првенствениот дуел гостите лесно го решија уште во првиот дел кога Силва со 2 гола и Сане најавија нова победа за „граѓаните“.
Мечот се одигра пред полупразни трибини во ретко виден жален амбиент на Емирати.