Македонија
21. August 2018 - 16:46

Граѓаните регираат, институциите молчат за загадувањето во Гази Баба

Загаденоста на воздухот во Гази Баба не се мери, жителите сами ги детектираат загадувачите. На социјалните мрежи се појави ново видео за кое се тврди дека е снимено во кругот на Железара. На снимката покажува сечење на метална руда, процес од кој произлегува густ час и директно завршува во атмосферата.

По реакциите на граѓаните дека дишат загаден воздух и во лето, градските власти во изминатиот период ги засилиле инспекциските надзори. Тврдат дека провериле 70 фрми кои поседуваат Б дозволи за работа во СКопје но градоначалникот не откри што утврдиле инспекторите.

Од градот ниту денеска нема информација дали се изречени казни ниту што е епилогот од спроведените контроли.

Во четврток најавен е интерсекторски состанок во министерството за животна средина каде ќе присуствуваат засегнатите невладини и граѓански здруженија кои го следат аерозагадувањето. До сега ниту министерството за животна средина не излезе со конкретна информација што е утврдено на терен по најавата дека инспекторите ќе го проверат случајот во склоп на железара.

Мерачот за воздух во Гази Баба симптоматично не работи токму во овој период кога се објавуваат и видеата од граѓани. Од ресорното министерство тврдат дека е на поправка а во меѓувреме најавија дека ќе набават уште два нови инструменти кои ќе бидат поставувани во вакви случаи за да нема проблеми во мерење на квалитетот на воздухот во иднина.