Македонија
28. November 2018 - 16:39

Граѓаните против изградба на 60 катници, општината ќе се бори за намалување на катноста на зградите

На паркингот спроти ГТЦ сепак ќе никнат висококатници иако градоначалникот на О. Центар тврди дека мораториумот за градби е на сила и секој план ќе се ревидира пред да издадат дозвола. Во ДУП-от се предвидени 3 60 – катници на земјиштето во Ново маало 2 кое е во приватна сопственост. Богдановиќ уверува дека за проектот ќе одлучува заедно со граѓаните, стручната фела а и ќе се потруди да ја намали висината на планираните облакодери.

Граѓаните не се сложуваат со планот за висококатници и сметаат дека на ова место е неопходен голем паркинг каков што има до сега.

Богдановиќ смета дека не е важно дали на некоја парцела е државна, црковна  или приватна тој ќе се залага да не се узурпира просторот во општината како што до сега тоа го правеле неговите претходници.  Вината и за 60 катниците ја  префрла на порашените општински гарнитури.  Тврди дека во Ново Маало 2 се предвидени  неколку специфични урбанистички планови но ќе се обиде да ги измени штом дојдат на дневен ред за одобрување.  Ианку според ГУП на ова место е предидено дека можат да домуваат 347 семејства. До сега реагираа неколку граѓански организации и побараа целосно да се укине планот бидејќи на тоа место сметаат оти треба да остане паркинг но и ново  зеленило.