Македонија
24. November 2016 - 15:45

Граѓаните од Крива Паланка се информираа за избирачкото право

Заменик-народниот правобранител и раководител на канцеларијата во Куманово, Насер Весељи, денеска во Крива Паланка ги информираше граѓаните за важноста од избирачкото право и начин на негово оставрување.

Повика во периодот кој следува, во предизборието, Кривопаланчани да пристапат, да се обратат и да пријават евентуални повреди на изборното право на бесплатниот број 0800 54321 и во централната канцеларија во Скопје и во подрачните канцеларии низ државата

Тој истакна дека секој треба да го оствари своето право на глас согласно сопствените убедувања, за што никој не треба и не смее да му сугерира, да го уценува или присилува.

- Сите кои мислат дека им се повредени правата, прекршени или не им се почитуваат доволно од страна на институциите и установите, државни органи, на локално или централно ниво, од која било област. Ние не сме суд, не одлучуваме, но интервенираме кај органите да се врати владеењето на правото, изјави Весељи на денешната прес-конференција во Крива Паланка.

Апелираше, институциите и надлежните да создадат услови за оставрување на избирачкото право.

Инаку, според Весењи, особен проблем во регионот, кој е специфичен е двојно задолжување на граѓаните со радиодифузна такса. - Ова е проблем за кој нема ниту една претставка, а за да не се мачат да патуваат во Скопје, граѓаните може преку нас, многу побрзо да го решат овој проблем, рече Весељи.

Од 2006 година, во Крива Паланка институцијата народен правобранител еднаш месечно, секој последен четврток, врши прием на граѓани од 10 до 13 часот. Граѓаните може да се обратат со претставки по телефон или лично за прашања од области од правосудство, економија, полициска постапка, урбанизам-градежништво, до имотно-правни односи и друго.