Граѓаните на РС гласаа 9 јануари да остане Ден на Републиката
Во Република Српска е одржан рефендум, на кој граѓаните се изјаснија дека и иднина ќе го прославуваат 9 јануари како Ден на РС.
Големо мнозинство од граѓаните на РС гласаа 9 јануари да остане Ден на РС, јави Танјуг.
Комисијата за спроведување на референдумот соопшти дека на 71 отсто од избирачките места, 99,8 отсто од граѓаните гласале 9 јануари и во иднина да се одбележува како Ден на РС. Излезноста на околу 1,2 милиони гласачи изнесувала околу 60 отсто.
Уставниот суд на Босна и Херцеговина и нареди на РС да го премести празникот, но властите во Бања Лука одлучија да организираат референдум по тоа прашање.
Референдумот, како што коментираат светските агенции е одржан и покрај одлуката на највисокиот суд на БиХ и западниот притисок да се откаже процеост, кој како што оценуваат, претставува ризик за разгорување на етнички тензии во таа балканска земја.
Полицијата соопшти дека не се пријавени инциденти за време на гласањето, а Владата на РС порача дека ќе постапи во согласност со одлуката на судот за Денот на РС и ќе го измени Законот за празници, но дури по гласањето.
Западни медиуми потсетуваат дека овој рефендум е прв откако во 1992 година беше одржано гласањето за отцепување од тогашна Југославија.
9 јануари е датум кога босанските Срби прогласија независност од Босна во 1992 година и ја поттикнаа крвавата војна, која траеше до 1995 година и во која загинаа сто илјади лица. Босанските муслимани и босанските Хрвати беа речиси целосно протерани од територијата на РС.
Босанските Срби го празнуват 9 јануари како ден на државноста, закачуваат српски знамиња и организираат јавни верски церемонии. Муслиманите и Хрватите, кои по војната се вратиле во РС, на празникот гледаат како на одбележување на нивниот прогон и индикација дека регионот е само на Србите, коментираат светски агенции.
И додека САД и ЕУ ја повикаа РС да го откаже гласањето, Русија го поддржа изјаснувањето.
Референдумот беше инициран од претседателот на РС, Милорад Додик, кој ја поздрави големата излезност и „свечената атмосфера“, но и ја игнорираше забраната на Уставниот суд на БиХ и неодобрувањето на САД и ЕУ, како и резервираноста на Србија, јави Танјуг.
- Горд сум со народот на РС, со сите оние, кои излегоа да гласаат, рече Додик, кој говореше во Пале, град покрај Сараево, кој беше штаб на воениот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, осуден во април за геноцид за време на босанската војна.
Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ Валентин Инцко изјави дека референдумот е напад без преседан врз уставниот поредок на БиХ и оти резултатите од него нема да бида признати за законски.
Западни дипломати предупредија дека референдумот го нарушува Дејтонскиот мировен договор, со кој се стави крај на војната и може да предизвика санкции или обвиненија против неговите организатори.
Светски агенции посочуваа дека со одржување на референдумот РС ризикува да биде подложена на западни санкции и оти нејзините лидерите може да бидат кривично гонети. Тие коментираат дека овој референдум е и тест за посериозниот референдум, кој лидерите на РС го најавуваат за 2018 година, за независнот од Босна.
Ново на Сител
-
Ужас во Хаг: Зграда се сруши при експлозија, 20 луѓе се заробени во урнатините
-
ДУИ: Прекинете ја оваа лудост, последиците ќе бидат незамисливи
-
Ја давел за врат, па ја удирал со тупаници и ја кубел за косата - поднесено обвинение
-
Во Маврови Анови и Попова Шапка 40 сантиметри снег, најмногу дожд во Крива Паланка и Виница
-
Џејмс ја помина границата од 41.000 поени во НБА
-
Влада: Буџетот за 2025 година ветува повисоки плати, инвестициски бум, силен економски развој
-
Стружанец произведувал и споделувал детска порнографија преку социјални мрежи
-
Колумбиа: Предлогот за пензионирање на 67 години сеопфатно да се разгледа