Балкан
11. August 2015 - 15:37

Граѓаните на Белград во страв поради снимен џиновски питон во центарот на градот!

Последните неколку дена граѓаните на Белград живеат во страв бидејќи на една од улиците е забележан огромен питон а потоа и снимен.

Како што пишуваат медиумите во Србија питонот е долг околу два метри а пред неколку дена побегнал на неговиот сопственик а во потрагата никој неможел да го најде.

Се до вчера од питонот немало трага ни глас, секој кој знаел дека змијата е на слобода во страв се движел по улиците во Белград.

- Погледнавме вчера преку прозор и се шокиравме. На кровот кај комшиите преку патот имаше огромен питон. велат жителите на Једренска улица.

Питонот се криел во олукот на зградата, а топлото време го користел излегувајќи на кровот на зградата. Жителите на зградата од страв не отвараа прозорци. 
- Повикавме полиција а го известивме и неговиот сопственик. Дури утрово сопственикот дојде и си го зеде своето "милениче" која цела ноќ го помина на кровот.

На видеото погледнете го питонот кој ги вознемири граѓаните на оваа улица во Белград: