Македонија
3. March 2016 - 19:57

Граѓаните може да направат проверка на податоците во Избирачкиот список од денеска

 
 
Граѓаните може да направат проверка на податоците во Избирачкиот список од денеска, и тоа со внесување на единствениот матичен број, со внесување на име и презиме или преку адреса на живеење, објави ДИК.
 
„Како една од новите надлежности со Избирачкиот законик, ДИК го објавува Избирачкиот список на својата веб страница со следниве податоци: име, презиме и адреса на избирачите. Избирачкиот список во оваа форма и во вид на веб апликација е веќе активен од денеска (четврток) од 14 часот, на веб страната на ДИК на посебен линк. Состојбата на податоците во објавениот Избирачки список е заклучно со 1-ви декември 2015 година. Со редовното ажурирање на Избирачкиот список очекуваме новата состојба да биде објавена веднаш по обработката на податоците“, рече Љупка Гугучевска од ДИК.
 
Таа појасни дека, секој граѓанин има право да поднесе барање до ДИК да не биде објавена неговата адреса во Избирачкиот список од безбедносни причини, а барање за тоа граѓаните може да поднесат до подрачната канцеларија на ДИК според местото на живеење.
 
Адресарот и контактите на канцелариите на подрачната ДИК се на самиот линк  на апликацијата во дното на страницата.
 
Веб апликацијата за граѓанска контрола на Избирачкиот список нуди можности за проверка на податоците во избирачкиот список по три основи, Единствен матичен број на граѓанинот, име и презиме и адреса. 
 
„Проверката според единствен матичен број на граѓанинот е функционалност која веб апликацијата за проверка на податоците во избирачкиот список се содржеше и досега. Таа овозможува секој граѓанин да ги провери своите податоци во Избирачкиот список со внесување на својот матичен број. Доколку при ваквата проверка на Избирачкиот список се утврди дека некој граѓанин не е запишан во Избирачкиот список или дека треба да се изврши запишување, дополнување на податоци или бришење  на податоците кои ги содржи Избирачкиот список, секој граѓанин има право да поднесе барање до подрачното одделение на ДИК. Ваквото барање граѓаните треба да го поткрепат со соодветна документација“, појасни Гугучевска. 
 
Првата новина на апликацијата за веб проверка на податоците од Избирачкиот список, е преку име и презиме, кога граѓанинот ги внесува на страната и му излегуваат податоците. 
 
„Проверката според единствен матичен број на граѓанинот е функционалност која веб апликацијата за проверка на податоците во избирачкиот список се содржеше и досега. Таа овозможува секој граѓанин да ги провери своите податоци во Избирачкиот список со внесување на својот матичен број. Доколку при ваквата проверка на Избирачкиот список се утврди дека некој граѓанин не е запишан во Избирачкиот список или дека треба да се изврши запишување, дополнување на податоци или бришење  на податоците кои ги содржи Избирачкиот список, секој граѓанин има право да поднесе барање до подрачното одделение на ДИК. Ваквото барање граѓаните треба да го поткрепат со соодветна документација“, појасни Гугучевска. 
 
Првата новина на апликацијата за веб проверка на податоците од Избирачкиот список, е преку име и презиме, кога граѓанинот ги внесува на страната и му излегуваат податоците. Втората новина е пребарување со внесување на адресата на живеење, кога системот дозволува проверка на сите оние кои се заведени како гласачи на таа адреса. 
 
„Доколку при оваа проверка граѓнинот увиди сомнителни записи во Избирачкиот список, за тоа може да достави Известување до подрачното одделение или канцеларија на ДИК, која пак секое  звестувње ќе го разгледа и ќе постапи согласно законските надлежности. Сакаме да ги охрабриме граѓаните да ја користат оваа веб апликација и да ги користат  можностите за комуникација со ДИК преку нејзините подрачни одделенија и канцеларии“, рече Гугучевска. 
 
Во врска со вкрстувањето на податоците од базата на податоци ДИК, вчера, достави  соопштение до сите медиуми дека откако ќе заврши процесот на вкрстување на податоците и откако ќе се усвои единствениот извештај на крајот од овој  процес тогаш ќе може да сподели информации за текот и за резултатите од процесот. Од ДИК велат дека нема проценки кога ќе заврши процесот на вкрстување на податоците.
 
Проверете дали вашите податоци се во Избирачкиот список, тука.