Loading Video...
Фудбал
8. January 2020 - 9:59

„Граѓаните“ го добија дербито на Манчестер во полуфиналето на „Карабао Купот“

Дерби дуелот на Манчестер кој се играше на „Олд Трафорд“, а во рамките од полуфиналето на „Карабао Купот“ го добија фудбалерите на Сити кои со 3-1 славеа над Јунајтед 
 
Популарните „Граѓани“ целата работа ја завршија во првото полувреме во кое ги постигнаа трите гола и тоа Бернардо Силва беше стрелец на првиот во 17.минута, Ријад Марез во 33-татата зголеми на 2-0, а во 39.минута со автоголот на Андреас Переира, Сити веќе имаше убедлива предност од 3-0. 
 
Во вториот дел односно 70.минута Маркус Рашфорд само успеа да го ублажи поразот на Јунајтед. 
 
Реванш дуелот на „Итихад“ ќе се игра на 29 јануари, а вечерва својата прва средба од полуфиналето ќе ја играат Лестер и Астон Вила.