Бизнис
31. October 2019 - 16:50

Граѓаните чуваат над 4.5 милјарди евра во банките

Граѓаните чуваат речиси  4,5 милијарди евра во банките. Повеќе штедат во денари, отколку во евра, поради повисоките камати и тоа на долг рок . Една третина од овие пари служат за кредитирање на населението.

Вкупните депозити пак, и на домаќинставта и на фирмите, заклучно со септември изнесуваат 6,4 милијарди ева, што е годишен раст за над 10%.

Ова , според министерката за финансии, е показател дека довербата во банките не  е нарушена.

Глобалната економија се соочува со намалување на каматите и нов бран олабавување на монетарната политика. Но тоа, според гувернерката Бежовска, не ги  предомислила граѓаните да ги инвестираат парите во друг бизнис. Напротив и натаму се одлучуваат да ги чуваат во банка, како најбезбеден чувар на парите. Трендот на намалување на каматите ќе се прелее и кај нас, што може да има негативни последици.

Ефектите од нсиките каматнис тапки можат да влијаат врз стабилноста на пензиските друштвасоатна пезнсискиот систем

Банкарскиот сектор е стабилен,  депозитите се сигурни, но за поголем  раст и  на штедењето и на кредитирање, неопходна е и правна сигирност, велат банкарите

Од вкупната финансиска актива, најголем процент  или 2/3 се заштеди на граѓаните во банка,  17% се  пензиските заштеди, 8 % од вложување во хартии од вредност и само 1% од полисите за животно осигурување.

На Светскиот ден на штедењето беа наградени и најдобрите банраски  службении во земјава.