Балкан
3. March 2022 - 15:39

Граѓани го погодија Кирил Петков со снежни топки и извикуваа „оставка“ и „предавници“ | ВИДЕО

Премиерот на Бугарија Кирил Петков беше удрен со снежна топка во главата за време на посетата на местото Шипка во близина на бугарскиот град Стара Загора.

-Време е да се каже дека Бугарија е над се. Среќен празник Бугари!, рече Петков. Неговиот говор беше проследен и со свирежи и извици „Оставка“, кога се обиде да разговара со нив. Откако Петков заврши со обраќањето, како што може да се види и на видеата од настанот, граѓани го гаѓаа со снежни топки од кои една обезбедувањето успеа да ја спречи во моментот пред да го погоди бугарскиот премиер во глава.