Фудбал
14. May 2017 - 18:34

Градското дерби без победник

Фудбалерите на  Работнички и Вардар одиграа 2-2 во градското дерби од домашното фубалско првенство. 

Натпреварот започна со две шанси на Николов а во продолжението од мечот љубителите на фудбалот видоа уште неколку прилики на обете страни. 
Грузиецот Џигаури го отвори резултатот  а на почетокот на вториот дел Садики израмни на 1-1. 
Вардар и по вторпат поведе преку Барсегјан додека конечните 2-2 ги постави  Силјановски во финишот од мечот. 
Пред стартот на средбата фудблаерите на Работнички му ја честитаа 10-тата шампионска титула на Вардар во независна Македонија.