Свет
29. September 2016 - 15:40

Градските власти на Букурешт со проект за метро линија вреден милијарда евра

Градскиот совет на Букурешт одобри проект вреден милијарда евра за изградба на линија на метрото која градот ќе го поврзе со аеродромот.

Одговорни претставници псоопштија денеска дека 14-километарската подземна транспортна линија ќе има 12 метро станици и ќе поврзува реон во северниот дел од Букурешт со аеродромот Хенри Коанда.

Работите за изградбата на новата линија ќе почнат следната година и се очекува да завршат во 2022 година. Една третина од проектот е финансиран со заем од Јапонија, а ЕУ и државниот буџет ќе го покријат останатиот дел.