Градските власти го расчистуваат отпадот во и околу коритото на Вардар
Насобраниот отпад, во и околу коритото на реката Вардар, уште денеска Град Скопје почнува да го расчистува. За нас безбедноста на граѓаните и заштитата на објектите околу реката Вардар се наш приоритет, истакна денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
- Последните дождови покажаа дека мегаломанскиот проект „Скопје 2014“ станува реална опасност за безбедноста на граѓаните на Скопје и нивните имоти. Во јавноста се презентираше неговата корисност за наводен развој на туризмот во Скопје, а изминативе неколку дена потврдија дека оваа слика не само што не го развива туризмот туку претставува опасност за безбедноста на целиот град, рече Шилегов на денешната прес-конференција.
Состојбата на подрумите на објектите околу реката Вардар, како што рече, јасно покажува дека залудно се потрошени милионските суми за изградба на овие објекти.
- Галиите, насипите и градежниот шут во коритото на реката Вардар ја намалуваат проточноста на водата и со тоа серизно ја загрозуваат заштитата од поплави на Град Скопје, нагласи Шилегов.
На новинарско прашање Шилегов рече дека Скопје ќе биде новогодишно украсен, за што се одвоени околу пет милиони денари.
- Заврши јавната постапка, потпишано е решението за избор на најповолен понудувач и очекуваме да истечат роковите за жалба, рече Шилегов.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.