Македонија
3. July 2020 - 19:56

Градските фонтани како место за разладување од високите температури

Во градските фонтани и денеска дел од скопјани на плус 34 степени се разладуваа во центарот на градот. Ги имаше во сите во кои има вода, но има и такви кои летото вооопшто нема да бидат во функција.

За фонтаната прскалка од Град Скопје велат дека е исклучена од безбедносни причини. Добиле таква препорака од здравствените власти поради коронавирусот.

Граѓаните пак се жалат - тешко се справуваат со летните горештини и нема каде да се разладат.

Топло време со температури над 30 степени не очекува и во наредниот период.