Градски парк: Ги прашал дали сакаат да се запознаат, откако го одбиле се самозадоволувал пред нив
Четириесетгодишен маж вчера попладне во Градскиот парк кај дискотеките сексуално вознемирувал две девојки.
Случајот го пријавила во полицијата СМ.(19) од Скопје во 18 часот и 15 минути, а се одвивал во 16 часот додека шетале заедно со нејзината другарка низ Градски парк, во близина на дискотеките.
Во соопштението се наведува дека во еден момент таа забележала машко лице, на возраст околу 40 години, кое најпрво им се доближило и ги прашало дали сакаат да се запознаат. Откако го одбиле лицето се доближило зад клупата каде што седеле, по што пријавителката и нејзината пријателка го забележале како се самозадоволува. С.М. и нејзината другарка станале и се упатиле кон дискотеките, но лицето се движело кон нив, по што веднаш се јавиле во 192 , а по кратко време лицето си заминало.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.
Ново на Сител
-
Регистрирана Комора на вештаци - Поголем квалитет во процесот на судско вештачење
-
25 години ДЗР
-
Абази со отчет за работата на Обвинителството за гонење на криминал и корупција
-
Мицкоски: Со реформи до поефикасна Администрација
-
Се готви новогодишната потрошувачка кошничка
-
Синдикатот не се откажува од барање за раст на минималната плата
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформа на администрацијата