Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ одбележа 70 години постоење
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје денеска го одбележа својот јубилеј-70 години од постоењето.
В.д. директорката на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Гордана Петревска се осврна на почетоците и развојот на институцијата, на нивните обврски и задачи.
- Градската библиотека има големо значење за градот и за нејзините граѓани. По значење може да се изедначи со универзитетот. Таа го креирала и го издигнувала духовниот развој на граѓаните на Скопје, била место каде се одвивал богат културен живот, се одржувале многу литературни средби, промоции, се распишувале литературни и ликовни конкурси, се одржувале семинари и трибини, се поставувале изложби, се одбележувале годишнини..., рече Петревска.
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски истакна дека библиотеката е една од најстарите и најзначајните културни институции во главниот град која, како што рече, одиграла голема улога во многу сфери од севкупното живеење во Скопје.
- Огромен број на граѓани, читатели, ученици, студенти тука ги црпеле своите знаења и ова е сведок за културниот развој на Скопје и на Македонија, рече Трајновски.
На настанот беше промовирана и монографијата „70 години Градска библиотека Браќа Миладиновци“.
- Во монографијата може да се види основањето, развојот и функционирањето на библиотеката во изминатите 70 години, рече Трајановски.
В.д. директорката Петреска на Министерството за култура и на градоначалникот Трајановски им врачи плакети за посебен придонес во развојот на библиотеката и остварената заемна соработка по повод јубилејот 70-години Градска „Библиотека Браќа Миладиновци“.
Бибилотеката „Браќа Миладиновци“ почнала со работа на 15 ноември 1945 година. Организациски во моментов располага со една матична куќа, три централни „Цветан Димов“, „Страшо Пинџур“ и „Другарче“ и 14 клона. Има и подвижна билиотека која ги опслужува училиштата, пред се во руралните средини каде нема библиотеки.
Во рамки на 70-годишниот јубилеј на библиотеката, изминативе денови беа пуштени во употреба реновираните библиотеки „Стале Попов“ и „Карпош“, се одржа „Вечер на читатели“ и средба со пензионерите.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација