Македонија
10. April 2019 - 16:19

Градот Скопје има фирма со вработени, но нема одлука дали ќе врши дистрибуција на парно

Дали Град Скопје ќе ја врши дистрибуцијата на парно од новата грејна сезона? Владата сеуште нема одлука. Лани градоначалникот Шилегов иако на големо најавуваше дека оваа фунцкија ќе ја преземе Градот во тоа не упспеа. Но фирмата која беше формирана за таа намена функционира, има вработени кои земаат плата.

Дали од октомври скопјани ќе  добиваат греење од Град Скопје? Владата сеуште без одлука. Барањето за добивање на топловодната мрежа кое градските власти го испратиле до Владата уште во февруари, не е разгледано.

Надлежните велат дека одлуката допрва треба да ги пројде сите владини филтри па потоа да биде соопштено дали во новата грејна сезобна оваа функција ќе оди во рацете на Градот.

Минатата година градоначалникот Шилегов наголемо најавуваше дека град скопје оваа грејна сезона ќе  ја врши дистрибуцијата, но не успеа во тоа. Сепак фирмата која беше формира за таа намена функционира, има 11 вработени кои примаат плата.  Од градот објаснија дека овие лица главно  работат на документацијата за добивање на лиценца за преземање на толоводната мрежа и на идејни решенија за изградба на гасоводна, во деловите од општините кои не се опфатени со топловодна мрежа.

Експертите неколку пати предупредија дека ако мрежата одите ка градот може да дојде до поскапување на парното

Град Скопје пак се одлучи на овој чекор со образложение дека со новиот закон за енергерика една иста компанија не може да врши производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.

Инаку лиценцата на БЕГ за дистрибуција со топлинска енергија е со рок од 35 години.