Македонија
7. August 2018 - 16:30

Градот Скопје бара 20 асистенти од социјални семејства со високо образование за 9.000 денари месечен надоместок

Град Скопје ќе ангажира 20 невработени лица од социјално ранливите категории да работат како образовни асистенти, персонални асистенти и негователи на стари и изнемоштени лица. Десетмина од нив ќе работат со средношколци кои имаат посебни образовни потреби, а по пет лица ќе бидат ангажирани за работа со лица со телесна попреченост и како негователи.

Услов за аплицирање е лицата да имаа диплома за завршено високо образование како дефектолози, педагози или професори по одделенска настава. Во рамки на проектот ќе имаат и платена обука, а месечениот надомест за нивниот ангажман ќе изнесува 9000 денари.

10те образовни асистенти ќе работат во 9 средни училишта, а нивниот ангажман ќе трае девет месеци.

Од сојузот на лица со телесен инвалидитет Мобилност од Скојпје информираа дека од 50 анкетирани членови, само 8 се пријавиле за користење на услугата – персонален асистент, додека за бројот на стари лица на кои им се потребни негователи нема информација.

Градските власти велат дека корисниците на сите предвидени услуги од проектот, веќе се селектирни и добиена е согласност за нивно учество.