Градот доцни со декорирање - дали Скопје ќе се украсува за Нова година и дали ќе има програма?
На две недели пред стартот на Новата година градот се уште не е украсен за да се почувствува новогодишна атмосфера. На почеток на месецов градоначалничката Арсовска најави дека украсувањето ќе почне на 10ти декември, а на прашање на Сител зошто такво нешто се уште не се случило, од нејзиниот кабинет кратко одговараат дека рокот трае до денеска.
Украсувањето согласно најавите и меморандумот се реализира во текот на денешниот ден согласно рокот 10- 15 декември, истото нема да има никакви импликации врз буџетот на Град Скопје. Ќе биде украсен плоштадот Македонија, централното градско подрајче, улица Димитрија Чуповски и булевар Илинден, велат од град Скопје.
Но новогодишна елка се уште нема.
Од градот не откриваат зошто општествено одговорните компании кои треба бесплатно да го разубават градот до сега не почнаа да го реализираат ветеното, ниту дали воошто ќе има програма и пречек за најлудата ноќ.
Граѓаните пак со поделени мислења, дали треба да се украсува градот во време на енергетска криза. На едни им недостасува новогоришна атмосфера, други пак сметаат дека такво нешто не е неопходно.
Пред месец и половина градоаначалничката договорно го раскина договорот од 243,000 евра со фирмата за новогодишно украсување, а како причина ја посочи енергетската криза но и дека треба на соодветен начин да се менаџира градската каса во време на пандемија.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар