Џет-Сет
9. December 2017 - 14:57

Градоначалникот на Загреб со лоши вести за пејачот: Оливер Драгојевиќ паднал во кома

На Божиќната прослава, градоначалниот на Загреб Милан Бандиќ на пријателите им соопштил непријатна вест, објавуваат хрватските медиуми.

– Додека патував до тука, ми јавија дека Оливер Драгојевиќ паднал во кома. Да се молиме за неговото здравје – рекол Бандиќ.

Оливер веќе неколку месеци се бори со тешка болест, а деновиве беше објавено дека поради здравствени причини, 70-годишниот пејач ги откажал сите концерти, сè до крајот на лекувањето.

Откако му беше дијагностициран карцином, Оливер се повлече од јавноста иивремето го поминува со своето семејство.