Македонија
6. December 2019 - 21:02

Градоначалникот на Струмица бара „Комуналец“ да го раскине Договорот со фирма која треба да го собира сметот

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски вечерва на прес – конференција побара од менаџментот на ЈПКД „Комуналец“ да го раскине потпишаниот Договор со фирма која треба да го собира сметот од територијата на општина Струмица.

-Веднаш штом дознав за овој Договор реагирав кај јавното претпријатеие „Комуналец“ и ја изразив мојата увереност дека ваквиот начин на решавање на проблемот не е соодветен и дека ваквиот Договор треба да се поништи. Сигурен сум дека има подобри решенија за решавање на овој проблем. Тоа го направив и усно уште на почетокот на оваа работна недела и со писмен допис кој што го испратив до менаџментот на јавното претпријатие „Комуналец“, рече Јаневски на вечерашната прес – конференција.

На крајот додаде дека очекува во најкраток рок да биде поништен Договорот и да се бараат други решенија за проблемот со собирањето смет во општина Струмица.