Македонија
30. December 2016 - 16:49

Градоначалникот на Скопје во посета на пунктот за бездомници

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска традиционално во пресрет на новогодишните празници го посети Пунктот и Прифатилиштето за бездомни лица, лоциран во Момин Поток и подели  пакети со зимска облека на 50 бездомници. Пунктот е финансиски поддржан  од Град Скопје со 500.000 денари годишно , и од повеќе компании и граѓани .

Пунктот нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом и има за цел да овозможи тие да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството.

Пакетите содржат џемпер, шал, капа, ракавици и вреќа за спиење .Услугите на пунктот ги користат 148 лица годишно.

Пунктот за бездомници на Црвен Крст на Скопје  функционира веќе осма година, а заради студениот бран од утре пунктот ќе биде отворен 24 часа.