Македонија
9. July 2020 - 12:48

Градоначалникот на Охрид тврди дека одлуката на Уставниот суд нема да влијае на уривањето на дивоградбите

Уставниот суд ја стопира владината уредба за плажите долж охридското езеро.Пазарниот инспекторат и УЈП нема да можат да ги казнуваат и затвораат објектите кои работата со истечена концесија на капалиштата. Ваквата одлука ја темелат на тоа што донесената уредба со законска сила не е поврзана со ситуацијата со Ковид 19.

(Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оваа уредба согласно член 27 став 1 од Деловникот)стои во соопштението на Уставниот суд.

Ваквата одлука според градоначалникот Георгиески нема да влијае на отпочнатиот процес за уривање на дивоградби бидејќи е според планот за управување со светското природно и културно наслeдство .

Граѓанските активисти пак велат дека Уставниот суд се покажал како најголем непријател на животната средина бидејќи пресудил во корист на урбаната мафија.

Акцијата за отстранување на нелегалните градби која започна во јуни како што велат од локалната ќе продолжи се додека не се отстранат сите дивоградби на брегот на езерото согласно правосилните решенија донесени неколку години пред уредбата на Владата.