Македонија
21. јуни 2019 - 19:29

Градоначалникот на Охрид оптимист дека градот нема да се најде на листата на загрозено културно богатство

Охридскиот градоначалник очекува позитивен извештај кон крајот на јуни во Баку .

По препораките од Унеско  поради кои беше предложено да се стави градот на листата на загрозени подрачја Георгиески  вели дека отстранети се билбродите и палмите, редуциран е сообраќајот во стариот дел ,завршен е регистарот на дивоградби а неизвесно останува дали ќе се рушат дивоизградените платформи и тераси покрај самиот брег.

И додека на охридското езеро од македонска страна му виси статусот од албанскиот дел поради решениот проблем со рушењето на дивоградбите на самиот кеј очекуваат езерото да се најде под закрилата на Унеско.

Она што на Охрид најсериозно му се забележува од страна на Унеско е нарушувањето на автентичноста на старото градско јадро, огромното количество на бетон и друг градежен материјал кој последниве години бил употребен за изградба на нови објекти,преголемата урбанизација  како и се` поочигледното уништување на езерото.