Градоначалникот на Кисела Вода Ѓорѓиевски обезбеди празничен ручек за 350 социјално загрозени лица
Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска донираше 350 хуманитарни оброци за социјално загрозените лица.
– На бездомниците, на децата од улица, на лицата во домовите, им беа доставени пакети со оброк кои, барем малку ќе им го разубават денешниот празничен ден, соопшти Општината.
Градоначалникот Ѓорѓиевски обезбедил донација и за лицата кои имаат потреба од помош од храна во народната кујна во Св. Спас во Драчево. Тука, заедно со нив и со отецот Оливер, се дружеа и заедно го изедоа празничниот ручек.
– Дарувањето на еден ваков голем и убав христијански празник ги потенцира човечките доблести – солидарноста, хуманоста и грижливоста. Да се дарува, значи искрено и од срце да се помогне онаму каде што е најпотребно. Токму затоа, денеска обезбедивме 350 оброци за социјално загрозените од општина Кисела Вода. Сакам да се заблагодарам на општинската организација на Црвениот Крст, на Хуманитарни акции-Скопје, како и на отецот Оливер и хуманитарната организација Св. Спас, кои ни се силна поддршка во оваа хумана мисија. Токму во Св. Спас во Драчево, со празничен ручек заедно со сите лица кои ја посетуваат народната кујна, го заокруживме денешниот ден. На средбата, ги информирав и дека е во тек тендерската постапка со која ќе им обезбедиме огревно дрво, кое ќе им помогне полесно да ги пребродат студените денови и дека активно ќе работам да се подигне стандардот во општината за да го намалиме бројот на луѓе кои ќе зависат од нечија помош, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација