-->
-->
Градоначалникот на Каракас почина од последици со Ковид-19
-->
Градоначалникот на Каракас, Дарио Вивас почина од последици од новиот коронавирус, објави на Твитер венецуелскиот обвинител Тарек Вилијам Саб.
– Многу ни е жал што замина нашиот добар пријател и посветен револуционер Дарио Вивас, со кој се боревме на улиците на Каракас од 80-тите години да го одбраниме нашиот народ и нашата земја, напиша Саб на Твитер.
Блискиот пријател на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, 70-годишниот Вивас уште на 19 јули објави дека е позитивен на Ковид-19. Тој е првиот висок венецуелски претставник кој почина од последици со новиот коронавирус.
Во Венецуела со Ковид-19 се инфицирани 29.088 лица од кои починале 247.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море