Градоначалникот на грчката општина Преспа најави отворање на граничниот премин Ники (Меџитлија)
Отворање на граничните премини Ники (Меџитлија) кон Македонија и Кристалопиги кон Албанија, на 1 јули, најави, преку Фејсбук, градоначалникот на општина Преспа Панајотис Пасхалидис, јави дописничката на МИА од Атина.
-Важна вест: Веродостојни информации дека од 1 јули одново и регуларно ќе почнат да работат граничните премини Кристалопиги и Ники, напиша Пасхалидис.
И од двете страни на границата, и од Македонија и од Грција, локалното население, но и бизнисмените во изминатиот период бараа да се отвори граничниот премин Ники (Меџитлија).
Од граничните премини меѓу Македонија и Грција, од грчка страна, отворен е само преминот Евзони (Богородица).
Последната министерска одлука за граничните премини и предусловите за влез во Грција, објавена во петокот е во сила до 26 јуни 2021 година.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација