Македонија
27. January 2021 - 14:08

Градоначалникот на Делчево позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски е позитивен на Ковид-19 вирусот. Веста Трајковски ја соопшти на својот официјален фејсбук-профил во кој вели дека своите обврски во наредниот период додека трае изолацијата ќе ги извршува од дома.

– Почитувани сограѓани, чувствувам обврска да ве известам дека и покрај сите мерки на претпазливост, по направениот брз тест за Ковид-19, резултатот од моето тестирање е позитивен. Ве известувам дека гарантирајки ја здравствената сигурност на граѓаните, до завршување на периодот на лекување, работните обврски ќе ги извршувам од дома, истакна Трајковски.

Градоначалникот на Делчево е вториот градоначалник од регионот кој е позитивен на Ковид-19 вирусот. Претходно од коронавирус се излекува градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

Во Делчево во последната недела е забележливо зголемување на бројот на новозаболени од Ковид-19. Само во текот на вчерашниот ден регистрирани се 16 нови случаи на коронавирус.