Балкан
17. јуни 2020 - 10:08

Градоначалникот на Будва и неговите соработници уапсени пред општината

Марко Царевиќ, градоначалникот на Будва и неговите соработници претседателот на собранието на општината, Крсто Радовиќ, менаџерот на општината, секретарот за инвестиции и други функционери се уапсени утрината, пишуваат подгорички Вијести.

Уапсени се и синот и братот на Царевиќ. Полицијата употреби солзавец и шок бомби, а искршени се стаклата на општината.

 

 

До зголемените тензии и апсењето дојде откако актуелното раководство на Општина Будва одби да го спроведе решението на Управната инспекција која дојде да инсталира двајца нови функционери, Владимир Булатовиќ и Снежана Куч.

 

 

Општината е обиколена со полициски кордон, а сообраќајот во околината се пренасочува. Се појавија снимки од хаосот во просториите на општината.