Македонија
20. November 2019 - 19:48

Градоначалникот Георгиески побарал совети од премиерот Рама за уривање на дивоградбите во Охрид

Охридскиот градоначалник Георгиески разговарал со албанскиот премиер Рама за уривањето на дивоградбите.

Oткако Албанија неодамна во акција во Поградец која што ја спроведе сруши голем број на објекти, мотели ,хотели и ресторани во заштитениот појас на брегот на Охридското езеро, Георгиески се консултирал со Рама од каде му било потенцирано дека доколку сака акцијата да биде успешна треба зад неа да стои полицијата и државата дека сам неможе да се справи со проблемот кој бил наталожен години нананазад.

И додека властите уверуваат дека е направено многу за исполнување на препораките кои УНЕСКО ги даде со цел регионот околу Охридското Езеро да го зачува статусот на светско заштитено природно и културно наследство, од граѓанската иницијатива Охрид СОС го мислат сосема спротивното.

Инаку според Регистарот на дивоградби кој го го изработи Општина Охрид, во градот има 1.079 дивоградби од кои 409 се во заштитениот појас.