Македонија
27. јуни 2017 - 15:57

Градоначалникот Чадиев приреди прием за претставници на ИВЗ

Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев денеска во зградата на локалната власт приреди прием за претставници на Исламската верска заедница на кој им го честиташе празникот Рамазан Бајрам.

Тој им посака радост, мир и соживот со претставниците на останатите верски заедници од општина Велес.

- Независно од која религија сме, ние сите сме жители на оваа општина и само со разбирање и соработка заедно можеме да придонесеме за просперитет на општината, додаде Чадиев.