Македонија
26. July 2019 - 16:27

Градоначалниците на Карпош и Битола дадоа искази во обвинителството за „Рекет“

Истрагата за Рекет се продлабочува.Денеска исказ во јавното обвинителство  даде  битолската градоначалничка Наташа Петровска, а вчера тоа го напарави и градоначалникот на Карпош Стефан Богоев. Двајцата биле повикани бидејки се смета дека можат да помогнат во натамошното утврдување факти во предметот. Детали од изјавите не се достапни за јавноста.

„Во интерес на истрагата, Обвинителството не е во можност да сподели детали околу содржината на дадените изјави. Паралелно со прибирањето на вербални докази, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет дава насоки и наредби за вршење и на други истражни дејствија“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Прв за рекетот кон Петровска  пишуваше новинарот Героски. Потоа премиерот Заев од собраниска говорница потврди дека и до него стигнале информации за случајот. Токму битолската градоначалничка  беше прва на агендата за  состаноци  на висикот преставник на Стејт Департментот кој е во посета на Македонија.

Од Обвинителствотото велат дека  е во тек вештачењата на прибраниот материјал од извршените претреси. Се врши вештачење и на содржината на пронајдениот и одземен втор мобилен телефон на јавниот обвинител.

Во „Рекет“ осомничени се Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, а меѓуделата кои се предмет на истрагата се примање награда за противзаконито влијание и  прење пари. И двајцата се во притвор од 15 јули.