Македонија
14. July 2015 - 14:27

Градоначалници од општини од Брегалничкиот регион потпишаа договори со Швајцарска агенција за проекти за заштита на природата

 Градоначалниците на девет општини од источно-планскиот (Брегалничкиот) регион во Пехчево денеска потпишаа договори со Швајцарската агенција за развој и соработка за кофинансирање проекти од Програмата за заштита на природата.
 

Општините Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Кочани, Македонска Каменица, Пробиштип, Чешиново-Облешево и Штип ќе добијат по 700 илјади денари, наменети за финансирање проекти за енергетска ефикасност на јавни објекти.
 

Тим-лидерот на Програмата за заштита на природата, Марија Шушлевска, информира дека во тек е изработка и на стратегии за развој на туризмот и на оризопроизводството во Брегалничкиот регион.

 
Координатор на Програмата за заштита на природата во општините од регионот е компанијата „Фармахем“ во партнерство со меѓународна корпорација „Хелветас“ од Швајцарија.

Секоја од деветте општини во регионот, покрај средствата добиени од Швајцарската агенција за  развој и соработка во реализацијата на проектите на своето подрачје, според договорот обезбедува и сопствено учество во износ  од 25 до  50 отсто.