Градоначалници од неколку европски земји во Штип дебатираа за Европа и евроскептицизмот
Штип во изминатите два дена беше Европа во мало. Седуммина градоначалници и нивните делегации од Бугарија, Полска, Шпанија, Италија, Португалија, Романија и Македонија дебатираа за придобивките од Европската унија во рамки на проектот„ Обновена Европа“.
Нели Петрова, координатор на проектот „Обновена Европа“ од Бугарија е задоволна што на средбите отворено се разговарало за Европа и за евроскептицизмот и од организацијата на настанот.
- Имавме можност да го слушнеме мислењето на држава која не е дел од Европската унија и за тоа какво е мислењето за овој сојуз, за еврооптимизмот и за евроскептицизмот во Европската унија. Средбата беше многу добра организирана и имавме можност да се запознаеме со културата и историјата на Македонија, вели Петрова.
Марија Дас Меира од Португалија истакна дека за нив е големо искуство што рамениле мислења и искуства со земја која се уште не е дел од Европската унија и оти исто така било добро што разменувале идеи со претставници од градови од Романија, Шпанија, Полска, Италија и Македонија.
Претставниците од Општина Штип кои се домаќини на конференција „Европа и евроскептицизмот“ изразија задоволство што деновиве го слушнале мислењето на членките на Европската унија.
- Најважно за нас како домаќини беше да ги запознаеме овие градоначалници и нивните делегации со Штип и Македонија. Некои од делегациите, како што се на пример од Португалија и Полска за првпат доаѓаат во Македонија и во Штип, а ни беше исто така важно да видат дека ние сме навистина развиена земја и дека исто така имаме заедничко мислење за Европската унија, вели Драган Ристов, вработен во Општина Штип.
Следната средба на делегациите од седумте држави кои учествуваат во проектот „Обновена Европа“ е во октомври во Португалија.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите