Македонија
28. April 2017 - 11:47

Градинката во Виница со нова опрема од 1,4 милиони денари

Започна опремувањето на новите простории кои неодамна беа изградени во состав на градинката „Гоце Делчев“ во Виница.

Пристигна новата опрема за новите простории  чија вредност изнесува милион денари. Дел од неа веќе е ставена во функција на секојдневната грижа на дечињата кои престојуваат овде.

- Опремата се состои од 60 креветчиња со душеци, столчиња, клупи. Се очекува да пристигне и планираниот дидактички материјал, играчки и книги, кои се планирани за опремувањето на новоизградените простории во градинката, изјави директорот на градинката Илија Јованов. .

Виничката градинка наскоро ќе добие и нова кровна конструкција, како и нови елементи во уредување на надворешниот дел.

Проектот за градинката во Виница, кој беше избран преку Програмата „Форуми во заедницата“,  ќе биде финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, и е во вредност од  околу 1.400 000 денари.