Македонија
14. August 2019 - 16:07

Градежните работи на булеварот „Кочо Рацин“ се изведуваат ноќе

Град Скопје соопшти дека со засилено темпо се извршуваат градежните работи од проектот за реконструкцијата на булеварот „Кочо Рацин“, на потегот од булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“ до улицата „Свети Кирил и Методиј“ во должина од 880 метри.

Екипите, како што се наведува, синоќа го отстрануваа стариот и оштетен коловоз на потегот од крстосницата со улицата „11 Октомври“ до крстосницата со улицата „Свети Кирил и Методиј“.

Град Скопје информира дека продолжува да го применува истиот принцип на брза и квалитетна работа и реконструкциите на сите улици во текот на оваа градежна сезона ги завршува со рекордно кратки рокови со цел да го намали сообраќајниот метеж.

Додека траат градежните работи, на булеварот „Кочо Рацин“ е воведен привремен режим на сообраќај.

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај.