Бизнис
23. јуни 2017 - 21:06

Градежните компании бараат брзо решение за стопираните активности на патиштата

Градежните компании бараат брзо надминување на проблемите со изградбата на автопатите. Велат дека на градилиштата работеле голем број работници и дека решавањето на проблемот е битно за тие да се вратат на работа.

За проблемот разговараа со министерот за транспорт. Сугарески вели дека се прават анализи кои треба да доведат до брзо надминување на состојбата. За автопатот Скопје Штип ќе мора да се потпише анкес на договор затоа што рокот за изгрдбата е истечен пред месец и половина. За Кичево Охрид каде што има осттапување на прокетот, анализата ќе покаже колку доплнителни средства ќе треба да се потрошат.

Градежниците на Сугарески му ги кажаа и другите проблеми со кои се соочува секторот. Клучно за нив е поставување на цврста законска рамка според која ќе работат. Се пожалија дека законот за се менувал на скеои три месеци или во послендите 7 години бил сменет 25 пати.