Бизнис
12. јуни 2017 - 19:47

Градежните фирми нема да можат да учествуваат на тендер без сертификат за квалитет

Построги контроли за фирмите кои произведуваат суровини за градежни материјали.  Новиот закон за градежни производи налага фирмите производители на песок, чакал камен и други агрегати сами да го контролираат квалитетот на производството.  Дополнителна контрола ќе врши и именувано тело за сертификација.

На тендер нема да можат да учествуваат без сертификат кој ќего стекнат со направени испитувања во сопствени или надворешни лаборатории.

Голем дел од фирмите веќе ја имаат набавено потребната опрема за проверка на квалитетот. Останатите се изјасниле дека ќе ја набават.

Досега контролата на квалитетот на градежните прозводители ја вршела Акредитирана лабораторија, која издавала  Атест на фирмите, но документот често бил злоупотребуван.

Новиот закон за градежни производи се применува од октомври лани но многу од фирмите не се информирани за измените. Во земјава има над 100 фирми на кои им се дадени концесии за експлоатација на варовници, кварц песок и чакал . Поради градежната експанзија статистика регистрира зголемено производство на градежни материјали.