Бизнис
14. November 2018 - 20:46

Градежништвото сеуште во лоша состојба, надлежните најавуваат зголемување на активностите во секторот

Градежништвото се уште е во црвена зона. Според Народната банка економијата во втората половина од годинава главно ја  движат индустирјата и трговијата. Градежништвото секторот што беше главен двигател сеуште е  во лоша сосотјба. 

-По растот на економијата од 1,6 отсто во првата половина на годината, показателите за економската активност, општо земено, упатуваат на заклучокот дека движењата се слични како во вториот квартал од годината. На ваквиот заклучок посочуваат податоците за растот на индустријата и трговијата, при сè уште негативни остварувања кај градежната активност, се вели во дописот на НБРМ.

Надлежните пак најавуваат интезивирање на градежните работи во државата. Реконструкцијата на автопатот Велес – Градско е при крај и ќе заврши до крајот на месецот. Ќе се обноват 150 километри патишта низ земјава, за што ќе бидат издвоени една милијарда евра.

- Нашите очекувања се дека во наредните месец и половина комплетно ќе биде завршен автопатот Миладиновц-Штип. Воедно проблемите со автопатот Кичево-Охрид во голема мера се надминати. Исто така, што со потпишување на третиот анекс  на  Договорот очекуваме динамизирање на прогресот  на активности во наредниот период, појасни Сугарески.

Почнати се и десет нови реконструкции на патишта.

- Сето ова прави конструкција од околу  400 километри заедно, а  од кои дел ќе се завршат годинава,а дел напролет, а за кога имаме завршено тендерски постапки за над 15 рехабилитации на патишта коишто согласно временските услови веднаш ќе отпочнат, најави Китанов.

За два дена се очекува да биде пуштена во употреба делницата од Демир Капија до Неготино.