Бизнис
29. February 2016 - 19:41

Градежништвото ќе биде двигател на економскиот раст и оваа година

Уште една интензивна година за градежништвото.  Оваа стопанска гранка останува двигател на домашната економија, се очекуваат уште подобри резултати. Покрај  инфрастрктурните проекти кои се реализираат во моментов следат  и нови градежни активности. Со тоа дополнително ќе се зголеми ангажманот на домашните градежни фирми на домашен терен, што според надлежните е причина за намалување на македонските активности во странство.

Во изминативе години значително е зголемено учествотот на градежништвотот во вкупниот БДП, од 4,9 отсто во 2008 на 6,4 проценти во 2015 година.

И покрај тоа што на земјава и престојат избори, надлежните не очекувата намалување на градежниот интензитет.

Градежниот сектор во земјава го сочинуваат  4.349 фирми во кои се вработени над 50 илјади  лица. Со градежната експанзија се очекува бројот на вработени да расте.