Бизнис
22. December 2018 - 16:36

Градежниот сектор пропаѓа поради мораториумот за градба на општините

Мораториумот за градба во општините и укинувањето на деталните планови го кочат градежништвото кое и онака е во тешка состојба. Градежните фирми се жалат дека поради ДУП-овите имаат огромни загуби. Овој сектор е во лоша состојба и поради слабата реализација на капителните проекти.

- Конкретно, градежништвото трпи од други делови пред се. А тоа е, како што споменав во изјавите, во делот на укинати ДУП-ови, во делот на Мораториум, во делот на неажурно издавање на документации, како што се аплицирани барања за тековни постапки. Тука е најголемиот проблем кој што треба да се детектира за да можеме да почнеме со активно работење, рече ИВИЦА ЈАКИМОВСКИ – ГРАДЕЖНА КОМОРА ПРИ ССК

Градежните компании подолго време се жалат на вакви проблеми. Се спорат поради укинувањето на плановите каде што купиле плацеви и треба во почнат со изградба. Се вакви проблеми се соочуваат градежниците кои треба да градат во Карпош и Центар.

- Со плаќањето на комуналиите се завршуваат сите процедури и постапки. За пет дена градоначалникот, односно општина Карпош има законска обврска да издаде градежна дозвола. Во мојот случај тоа не се случи. Не за пет дена, јас за месец дена не добив дозвола, вели  НИХУ АЛИУ – ИНВЕСТИТОР 

Министерството за транспорт тврди не може да се меша во работата на општините.

Но, Министерството постојано барааат од општините да ги изработат Деталните урбанистички планови и проблемите да се решат во најбрз можен рок. Оттаму ветија дека наскоро ќе бидат предложени нови Закони за урбанистичко планирање и градење за да застане на нозе секторот кој е главен двигател на економијата.