Македонија
4. July 2020 - 14:51

Градежник пронашол експлозивна направа во с.Псача при извршување на градежни работи

Вчера околу 12.00 во СВР Куманово било пријавено дека во с.Псача, кривипаланечко на место викано „Рашка Река“ при вршење градежни активности на експресен пат Ранковце- Крива Паланка, З.Ј.(46) од Крива Паланка, вработен во градежна фирма која ги извршува градежните работи пронашол експлозивна направа - минофрлачка мина.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка и пронајдената мина е предадена на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Куманово, стои во соопштението од МВР.