Бизнис
4. May 2016 - 15:34

Градежниците со поповолни очекувања за нарачките и вработените

Градежните компании во првиот квартал од годинава оценуваат дека економската состојба е поповолна во однос на претходното тримесечје и во однос на првиот квартал минатата година. 

Државниот завод за статистика објави дека нивните очекувања за вкупните договори за градежмни работи се поповолни и оти поповолни се очекувањата за бројот на вработените во нредните три месеци.

Оценката за финансиската состојба и оценката за тековната состојба со порачки на нивните деловни субјекти се поповолни во споредба 
со претходното тримесечје.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во првото тримесечје од 2016 година се над нормалата.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат зголемените трошоци за материјали со 22 отсто, зголемени финансиски трошоци, односно камати со 19,4 отсто, 
недостиг на обучен кадар со 12,9 отсто и зголемени трошоци за труд со 12,5 отсто.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во првото тримесечје од 2016 година е зголемен за 0,8 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 1,6 процентни поени е зголемен во однос на тоа тримесечје од 2015 година.