Бизнис
8. July 2019 - 16:26

Градежниците се жалат од мораториумот за градби во Центар, Карпош и Охрид

Стопирањето на градбите во дел од општините и натаму проблем за градежниците. Бројот на издадени одобренија  за високоградба е во пад и тоа се должи на мораториумот за градба во скопски Карпош и Центар како и во Охрид. Состојбата во општина Аеродорм постепено се нормализира. ОД градежна комора велат дека државата многу е бавна, тешко презема мерки за надминување на состојбата.

„Остануваме на ставот како Здружение дека процесот е премногу  инертен и нетранспарентен и дека ова води кон се поголеми штети на градежните компании. Останувме и на тоа дека треба да се гради плански, урбано, но сепак  е процес кој почна  во 2017 година, а не е завршен во 2019 година и можете  сами да го оцените“, вели Андреа Серафимовски, претседател на Градежна комора.

Компаниите се воздружуваат од инвестиции и заради честите законски измени. Комората смета дека последниот предлог на законот за урбанизам кој е закочен во собраниска процедура со над 200 амандамани е добар и треба да биде донесен како што е предложен, без интервенции.

„Тоа е устав во градежништовото и сите беа повика и да достават прелдози. Сега не треба никако да се интервенира во текстот...“вели Серафимовски.

Зарди законите и мораториумите, градежниците не можат да прогнозираат како ќе се движи цената на становите. Во градба се 11.000 стана, но околу 5000 со години стојат празни.

За разлика од високоградбата, состојбите во изградба на патишта се стабилизира по лошата година лан. Очекувањата се дека во овој дел догодина ќе има раст.