Бизнис
6. јуни 2017 - 20:17

Градежниците се жалат на стопирана работа поради блокадата на општините

Блокираните општини им нанесоа главоболки и на градежните фирми. Тие апелираат што поскоро да се реши проблемот.Велат никој не се согласува да им издаде одобрение за градба, не можат да ги продаваат недвижнините односно да ги пренесат на идните сопственици. Готови проекти чекаат за потпис. Се соочуваат со финансиски загуби кои растат со секој изминат ден.

Во меѓувреме статистика објави раст на трошоците за изградба на нови станови. Само материјалите кои ги користат домашните градежни фирми поскапеле  за над 3 %.

Градежниците велат дека поради зголемените цени на материјалите  како и вкупните трошоци за изградба на новите станови можно е благо зголемување на цената на станбениот квадрат.

Хот сепак  потенцира дека високоградбите се приватни инвестиции и единствено пазарот може да ги одреди цените.

Засега цените на квадратот во Скопје  се движат од 1000 до 1200 евра на атрактивни локации. Поради зголемениот број на одобренија за градење градежниците очекуваат трендот на раст во овој сектор да продолжи и во иднина.

Лани фирмите и приватните лица изградиле над 6 100 станови за домување.