Бизнис
3. February 2020 - 17:00

Градежниците се согласни со предлогот да обезбедат приклучок за парно пред да добијат градежна дозвола

Градежниците се согласуваат со предлогот на регулаторната комисија ,  инвеститрите  да не можат да градат згради без да имаат договорен приклучок за парно.

Тврдат дека  ваквата обврска која најверојатно ќе им биде наложена со новиот закон за градба нема да предизвика турбуленции во секторот и да ги поскапи становите.

 Од РКЕ сметаат дека со тоа  струјата ќе почне порациолано да се користи зашто објектите за загревање повеќе нема да користат електрична енергија туку парно.  

Градежниците  тврдат дека и покрај  иселувањето  се продаваат станови , но миграцијата влијае на работата на компаниите затоа што тие се потешко доаѓаат до кадар за работа.

Очекуваат цената на градежните материјали да продолжи да  расте , а дали ќе поскапат становите  се уште не можат да прогнозираат  поради изборите.

Во моментов просечната цена на квадрат во Центар е околу 1.000 евра, а во Охрид стагнираат. Интересен податок за нив е тоа што во Битола расте процентот  на продажба на деловен  простор.