Бизнис
4. December 2017 - 20:38

Градежниците годинава со намален обем на работа, но очекуваат позитивни резултати од наредната година

Од главен двигател на домашната економија, градежниот сектор во стагнација. За девет месеци од годинава за 20 отсто намалени се градежните активности, а за два проценти се намалени и издадените одобренија за градба. Активностите во странство се опаднати и тоа за  16 % главно поради завршувањето на градежните работи во БИХ. Но и покрај лошите резултати, од комората велат  засега нема најава од компаниите за отпуштање на работници.  Регистриран е пад и кај производството на градежни материјали и најчесто наместо од домашните фирми , тој се увезува од надвор. Причината за ваквата состојба во секторот ја лоцираа во политичката криза, но забелешки имаат и во законот за градба.  Очекуваат следната година состојбата да биде подобра.

Министерот Сугаревски најави  повеќе пари за капитални проекти со што се очекува да се зголеми обемот на работа на градежниците.

Градежништвото во вториот квартал годинава имаше пад од 17, 3 проценти. Претходните години пак важеше за најголем двигател на домшаната економија.