Бизнис
8. јуни 2018 - 17:43

Градежниците бараат реализација на започнатите и стопирани проекти за раст на градежниот сектор

Градежниците бараат брза реализација на стопираните и на веќе започнатите проекти. Велат дека застојот во изградбата на дел од патиштата се причина за падот во секторот од 37,2 проценти во првиот квартал годинава. Очекуваат дека со инвестициите во железничката инфраструктура, изградбата на патот од Штип до Радовиш и  Градско – Прилеп градежништвотот ќе  почне да генерира позитивни бројки и дека  лошите времиња за градежниците ќе завршат.

И покрај слабата реализација на градежнитете проекти на почетокот од  годинава, од Владата очекуваат  градежна експанзија во следните месеци.  Денеска се  изврши увид  во градежните работи  на автопатот Гостивар – Колари во должина од 28 километри и инвестиција од 6,2 милиони евра.

Статистика вчера објави раст на економијата во првите три месеци од само 0,1 процент. Најлошо од сите сектори е во градежништвото.