Бизнис
21. September 2019 - 16:23

Градежна експанзија има само во Аеродром- од 600 нови станови дури 500 се во овој дел на Скопје

Градежбна експанзија во скопски Аеродорм. Според Државната статистика,  во јули била предвидена изгрдба на 600 стана во цел скопски регион, од ова близу 500 се во Аеродорм. Состојбата е драматочно изменета ако се спореди оваа со минатата година. Лани во јули во цел скопски регион била предвидена изгрдба на 445 стана од нив во Аердром немало предвиено градба. Најмногу 365 стана биле предвидени во Карпош.

Во ист правец се менува и статистиката за издадени одобренија за градба. Бројката за цело Скопје е приближна. Лани биле издадени 81 одобрени,  годинава 84. Но, за разлика од лани кога во Аеродорм нбемало одобренија за градба, годинава има 7.

Мораториумот за градба во Карпош и Центар е главна причина зошто градежните компании механизацијата ја преселија во Аеродром. Општините кои порано беа најатрактивни за изградна на станови и натаму се во фаза за редвидирање на деталните урбанистички планови, а се чека и новиот закон за урбанистичко планирање кој треба стави ред во градежниот хаос.

Според податоците на Катастар пак, во првите три месеци од годинава скок во бројот на продадени станови од поголемите скопски општини има само во Аеродорм. Во Карпош има пад, а кај Центар и Кисела Вода бројките не се менуваат.

Поголемата понуда на станови во Аеродорм придонесе цените таму да се пониски во однос на другите поголеми скопски општини. Најскапи и натаму се становите во Центар и Карпош, следи Кисела Вода па Аеродром.